Претставата-Последната ноќ на сцената на Битолскиот театар

0
644

Најновата претстава во Битолскиот театар, чија што премиера ќе биде на 14 ти октомври, е со наслов Последната ноќ а во режија на Андреј Цветановски.

Се работи за фамилијарна приказна и една психолошка драма.

Оваа претстава е обид да покажеме што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на она што се случува надвор– вели режисерот.

Ликовите на Карла и Хелвер ги играат Соња Михајлова и Маријан Ѓорѓиевски.

Димитар Андоновски , кој работеше на музиката во претставата Тајното оружје и Кралот Иби во Велешкиот театар, е задолжен и за музиката на оваа претстава .

За костимите се погрижи Марта Дојчинова , која и претходно работела на костими во некоку претстави, опери и сл.

Цветановски истакна дека оваа претстава му е прва од ваков вид, во која неговиот начин на работа се потпира претежно врз актерската игра.

Ова е претстава во која приказната зборува за поинакво семејство, понижувано семејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет .