Претстави од Израел и Австрија за втората фестивалска вечер на Битолино

0
261

Вториот фестивалски ден од ИДТФ започна со една прекрасна комична претстава на театарската компанија „Рути Тамир“ од Модин, Израел. „Четири басни и Кралицата“ е претстава во која четири приказни се заробени во една бајка, една виртуозна комична креација за осум животни и една кралица. Рути Тамир е добитник на наградата за најдобра актерка во Израел за 2013 година.

Фестивалскиот ден заврши со претставата „Гласно и тивко“ на театарската компанија „Син пламен“ од Грац, Австрија. Театар кој во фокусот на своите претстави го има поставено човекот, неговите проблеми, прашања, страсти и нескротливата глад за животот.

Денес на последниот ден од фестивалот Битолино ќе бидат изведени претставите „Овоштарникот со праски“ на Новата сцена при Н.У. Центар за култура Битола во 18:30 часот која е во продукција на театар Masque од Витлеем, САД а во изведба и режија на Lary Hunt, како и претставата „Кралицата Конг“ во 20 часот во големата сала при Н.У. Центар за култура Битола а во продукција на La Bazooka театарот од Le Havre, Франција, а воедно ќе биде доделена и наградата ГРАН ПРИ „За најдобра претстава во целина“ од стручното жири на фестивалот.