Претстави од театарот од Сомбор и турскиот театар на Шекспир фестивалот

0
232

Во рамките на овогодинешното издание на Шекспир фестивалот, кој се одржува од 22 -ри до 28- ми јули, како дел од фестивалската програма, се прикажа претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Александар Поповски во изведба на актерите од Турскиот театар од Скопје.

Со оваа претстава на почетокот на оваа година се одбележаа 65 години од основањето на турскиот театар.

Станува збор за трета претстава на Александар Поповски во Турски театар, по претставите ’Бура‘ од Шекспир и ’Госпоѓица Јулија‘ од Стринберг.

-Текстот на ’Сон на летната ноќ‘ дава различни можности на толкување, може да се препрочитува и да му се даваат нови и нови значења. Секогаш ме фасцинирала таа линија којашто ги двои двата света-вели Поповски и додава- секогаш се прашував кој сè сонува во претставата. Овде сонуваат повеќе ликови. Како да е таа сон во сон во сон. Како да се мултиплицира сонот на неколку нивоа.

Во претставата настапува речиси целиот ансамбл на Турскиот театар.

Со аплауз и овации беа поздравени и актерите на Народниот театар Сомбор­ Србија, на изведбата на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Ана Ѓорѓевиќ.

Оваа претстава е конструирана како сон.

Тоа е сон што го сонува целото човештво, и тоа еден посебен вид компензирачки сон кој ја прикажува стварноста таква каква што би требало да бидеистакна режисерката.Приказната во оваа претстава спасува едно венчавање, како симбол на триумфот на целоста над светот, кој е распарчен на црно и бело, ум и чувствто, венчавка како духовна или емотивна појава, момент кога две личности се спојуваат во меѓусебно апсолутно прифаќање.

Претставата која беше конструирана како сон, со својата суптилност, актерска изведба и впечатлива сценографија, го привлече вниманието на битолската театарска јавност.