Превенција од дијабет, долг и квалитетен живот

0
741

Викендов светот, но и Битола го одбележа денот за борба против шеќерната болест која претставува еден вид на предизвик на 21 век, прогресивна болест со пандемски карактеристики заради се поголемиот број заболени лица.

necevska
Д-р Лилјана Нечевска интернист при Клиничката болница во Битола вели дека бројот на заболени изнесува 400 милиони од кои 200 милиони се луѓе кои немзнаат и немаат дијагностицирана шеќерна болест.

Императив за конторла на оваа незилечива болест е физичката активност и здравата исхрана кои обезбедуваат долг и кавлитетен живот на дијабетичарот.

boris
Борис Мијалчев претседател на здружението на дијабетичари од Битола вели дека раната дијагноза значи поголема контрола, а конторлираниот дијабет може да репродуцира, нормален и добар живот и работа на дијабетичарот.

Превентивните прегледи претставуваат главниот индикатор, и треба населението да стане свесно за овој тивок убиец на денешницата.

liljana
Д-р Лилјана Ристевска од Лајонс клубот Хераклеа вели дека превентивните прегледи во нивна организација доведува до информирање на граѓаните како за болеста туку и за откривање н новозаболени.

Имено викендов на плоштадот Магнолија Лајонс клубот Хераклеа и здружението на дијабетичари од Битола организираа бесплано мерење на шеќер во крвта, прашалник за прпознавање на потенцијално болни од дијабет.

Без коментари

LEAVE A REPLY