Превирања во редовите на ССМ

0
469

Дел од членството на УПОЗ обвинуваат за местење на изборот на претседател во нивниот синдикат. Од пред зградата на ССМ дел од синдикалците изјавија дека Пеце Груевски незаконски си го продолжил мандатот за уште пет години. Доколку изборите беа легално спроведени – сега јас ќе бев новиот претседател вели Игор Микев – кој е дел од УПОЗ.

Во саботата се одржало легитимно собрание под мотото „Да го спасиме синдикатот од натрапници и поединци“. Од синдикатот на УПОЗ  за 24 Вести велат дека се било  законски.
„Дали некоја одлука е легитимна или не може да кажат само органите на синдикатот како што е статутарната комисија или собранието како највисок орган на синдикатот. Ова е само потврда дека власта сака да не замолчи и се обидува да го партизира синдикатот. Убедени сме дека позади денешните обиди за манипулација стои лично и претседателот на ССМ Живко Митрески,“ велат од УПОЗ.
Инаку слични вакви обвинувања одекнаа во јавноста и по 19-от конгрес на ССМ кога Живко Митрески беше реизбран за претседател. На изборот тој беше и единствен кандидат за нов 5 годишен мандат, откако во претходна постапка беше елиминиран единствениот противкандидат Симон Сиљановски од синдикатот за здравство. Дел од синдикалците тврдеа дека целата постапка е нелегитимна и не присуствуваа на конгресот.