Превирања за изборот на раководство на СОНК во Битола

0
730

Денес во Битола се избираше ново раководство на регионалниот одбор на СОНК. Но за време на седницата, незадоволни членови на синдикалните организации излегоа и ја напуштија, без да гласаат. Велат биле револтирани што им било скратено правото на уште еден кандидат.clenovi

-Состанокот го напуштаме, се е наместено, имаше предлози за двајца кандидати, но не ни дозволија да гласаме за едниот, велат членови.

Досегашната претседателка на регионалниот СОНК, пак вели дека денес не била поканета на изборот. Иако била избрана за претседател на синдикалната организација на ОУ „Елпида Караманди“ во мај, имало испратено претставки до Советот на СОНК за нејзиниот избор. Во септември изборот од Советот бил поништен, а биле организирани нови избори за нов претседател на синдикалната организација во училиштето. Се жали дека не и било дозволено да ја каже својата страна.

-И најголемите злосторници добиваат можност за жалба, ние не добивме. На изборот настојувавме да ги запазиме сите критериуми на СОНК. Прашање е дали е ова награда за моето 13-годишно ревносно работење во синдикатот, вели Фанче Јошевска, досегашен претседател на СОНК.fance

После завршувањето на изборот во Битола, претседателот на СОНК Јаким Неделков рече дека не е точно дека им го скратил правото не членовите.

-Изборот течеше во благопријатна синдикална атмосфера. Не е точно дека сум го скратил правото на противкандидат. Јас само постапив како што статутот предвидува, претседателот дава согласност за кандидатот кој е предложен, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.jakim

За Јошевска пак вели дека добиле голем број претставки кои се однесуваат на нејзиниот избор.

-Имаше приговори, не е точно дека не сме дале право на жалба. Одлучивме сите синдикални организации каде дадоа приговори да се спроведат повторно избори. СЕ направи избор во „Елпида Караманди“, дел од членовите беа незадоволни, го напиштија состанокот, се избра нов претседател, рече Неделков.

За претседател на регионалниот одбор на СОНК денес беше избран поранешниот директор на ОУ „Елпида Караманди“, Илчо Белџигеровски.