Презентација на израелската изложба Еве сум во Битола

0
222

Изложбата „Израел низ илустрациите во детските книги 1948-2014“, селектирана од Лора Гросман, угледна израелска публицистка, беше отворена во Битола во рамки на „Бит-фест“.

-Фасцинантно е да се истражат невидливите конци кои ги поврзуваат илустраторите на детски книги од сите историски периоди и потоа да го дефинираме ова недофатливо нешто кое што е -Ние-истакна Гросман.avtor

Присуството на израелската култура годинава на битолскиот фестивал е резултат на добрата соработка на амбасадорот на Израел во Македонија и директор за Балканот Дан Оријан и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.ambasador

Израел низ илустрациите во детските книги 1947-2014“ е дел од презентацијата на културата на Израел пред битолската публика која досега имаше можност да ја проследи израелската претстава „Нашиот клас“, детска израелска претстава во рамките на ИДТФ „Битолино“, а израелскиот уметник Руслан Сергеев, пак, во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“ одржа петдневен мастерклас со студентите со шест дипломци и студенти на ДЛУ при УКИМ.