Презентиран проектот HIVE во Битола

0
397

Во Битола стартуваше со работа HIVE програмата која всушност е акцелератор за зголемување на вработеноста на младите во креативна индустрија на видео игри. Овој акцелератор е резултат на соработката на ГАУС институтот од Битола и Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА- Битола.
Настанот се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ).

Целта на проектот е да се подучат младите како од игра може да се креира бизнс.
Со проектот ќе се стимулира создавањето на нови работни места, со мотивирање на младите луѓе, креативноста, страста за игри да ја трансферираат во генератор на приход.

Беше одржан и натпревар во 3Д моделирање и анимација на тема “Разубај ја Битола”, за која тема излагање имаше проф. д-р. Игор Неделковски.

Без коментари

LEAVE A REPLY