Презентирана изложбата Lire en fete – читај и забавувај се

0
573

Во рамките на Регионалните денови на културата во Пелагонија, во НУУБ. Климент Охридски, се реализираше изложбата во организација на Француската Алијанса од Битола. Темата на изложбата беше ”Lire en fete – читај и забавувај се” во чест на прослава на месецот на книгата кој се празнува во Франција.

На изложбата беа изложени дела на дечиња кои го изучуваат францускиот јазик и ја запознаваат француската култура во Алијансата и во основните училишта во Битола.

Регионалните денови на културата се реализираат во рамките на проектот: Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се имплементира во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Манифестацијата започна со перформансот Sur Le Vif на театарската асоцијација Лолита Еспин Анадон од Долна Нормандија, а
заврши со настап на КУД Илинден и КУД Новаци во Новаци.