Презентирана изложбата Нижо поле 2015

0
246

Од 8 -ми до 15 -ти јули, во хотелот „Молика“ на Пелистер, се одржа 16 -тото издание на Меѓународната ликовна колонија „Нижо Поле 2015“. Делата на ликовните уметници , учесници на колонијата, беа презентирани пред битолската јавност во културниот центар Магаза.
Оваа колонија има значајна улога како за битолската културна средина така и за македонската.kolonija2
– Ликовните колонии се убави манифестации, неколку дневни, каде освен основната цел-творење и создавање на уметнички дела, има и дружење и запознавање на уметниците од Македонија и надвор од неа-истакна претседателот на ликовните уметници на македонија Христијан Санев.
Тој истакна дека е значајно младите уметници да бидат членови во ликовните друштва.
На 16-тото издание на колонијата, твореа 21 ликовен уметник од повеќе земји од светот но и реномирани македонски уметници.
Ликовните уметници сликаа мотиви од Пелистер, пејзажи и други природни импресии на слободна тема.