Презентирана изложбата за црквата Св.Ѓорги во Курбиново

0
620

Во Битолскиот Завод и музеј беше презентирана изложбата-Обновување на сликарството од црквата Св.Ѓорги во Курбиново, ремек дело на византиската уметност во Македонија.

Оваа изложба ги претставува резултатите од првиот дел од проектот Македонски фрески-Маско 360, имплементиран од страна на здружението Македонида Скопје.

Студентите од Гетинген Германија, кои се специјализираат во областа на византиската уметност како и во дигиталната фотографија, ги изработија фотографиите од црквата, за време на нивниот престој во Македонија во 2016-тата година.

Проектот е поддржан од Министерството закултура, а во соработка и со Француската и Германската Амбасада во Македонија.

Истражувачките работи околу црквата во Курбиново започнаа во 2013-тата година.Во наредниот период конзерваторскиот проект на црквата ќе опфати и подготвока на предлог проект за изработка на инфраструктура на локалитетот околу црквата, којашто ќе овозможи Курбиново да прерасне во значаен туристички центар.