Презентирани делата на Милан Коњовиќ во Битола

0
151

Во битолскиот завод и музеј, се отвори изложбата на Милан Коњовиќ, еден од уметниците кои оставиле битно влијание на тековите на поранешното југословенско сликарство на дваесеттиот век.

Својот творечки опус го започнува во текот на втората деценија на минатиот век, а го завршува на почетокот на деведесетите години, поточно 1993 година, кога починал во својот Сомбор.

izlzoba_sliki_2.jpg

Изложбата на повеќе дела од 7 те творечки фази на Коњовиќ, понуди голем интерес кај битолчани.

Коњовиќ во некои кардинални моменти во поранешното југословенско сликарство се појавува со творештво кое антиципира и ги потврдува особеностите на доаѓачките трендови во уметноста. По првичните остварувања во стилот на импресионизмот и постимпресионизмот, својот сликарски концепт го продолжил со рационалистички пристап кон бојата и формата, доспевајќи меѓу првите во поранешното југословенско сликарство до кубизмот, подоцна инсистирал на колоризмот и експресионизмот кој ќе стане карактеристика на севкупното негово творештво.

Неда Маретиќ