Презентирани мерењата за амбиенталниот воздух во Битола

0
518
SONY DSC

Зголемено присуство на ПМ 10 честичките во воздухот во Битола, покажаа мерењата кои што ги направи фирмата Еуромак контрол од Скопје за време на 14 дневен мониторинг во зимскиот период. Зголемувањето се должи на согорувањето на фосилните горива кое што се јавува од домаќинствата и сообраќајот. Се анализирал составот на пм 10 честичките, присуството на четирите тешки метали: олово, кадмиум, арсен и никел, како и бензо (α) пиренот.

Врз основа на резултатите можеме да заклучиме дека во зимскиот период имаме надминувања на бензо (α) пиренот, што е очекувано за разлика од летниот период. Зголемувањето на бензо (α) пиренот се должи на согорувањето на фосилните горива од домаќинствата и сообраќајот. Зимскиот период, е период во кој се очекува не само во Битола, туку на целата Земјина топка да имаме надминување на ПМ 10 честичките. Секое надминување е алармантно, но суштината е да се најде решението за да резултатите се доведат во нормалните граници”, изјави Сузана Темелкоска, управител на Еуромак контрол

За градоначалникот Талески резултатите кои што денеска ги презентираа од 14 дневниот мониторинг биле очекувани

Дишевме воздух каков што самите го создававме. Покрај климатските промени, греењето се покажа како најважниот фактор кој што придонесува за зголемување на ПМ 10 честичките. Ние сите години наназад преземаме низа на мерки. Покрај тоа што ги тргнавме семафорите од улиците, направивме кружни текови по улиците, сообраќајот непречено да се движи, изработуваме проект за велосипедски патеки, кој што оваа година сакаме максимално да го реализираме. Се разбира има и низа мерки кои се однесуваат на најсуштинското прашање – затоплувањето. Во договор со Владата донесена е одлука за топлификација на Битола, а јас сум сигурен дека следните неколку години тој ќе биде најзначаен проект. Изминатиот период извршивме масовно чистење на оџаците во сите јавни установи, а преку ЈП Комуналец оспособена е цистерна која во секој момент е подготвена да излезе на терен и да започне со прскање на улиците, но во согласност со посебните услови кои ги бара таквата активност, изјави д-р Владимир Талески градоначалникот на општина Битола

Оваа презентација беше втора по ред која што ја направи фирмата Еуромак Контрол.

Без коментари

LEAVE A REPLY