Презентирани резултатите од мерењето на воздухот

0
410

Фирмата Еуромак Контрол денес ги презентираше резултатите од 14-дневното мерење на воздухот во Битола, направени од 15 јули до 28 јули. Добиените резултати покажале дека не е надмината законски пропишана концентрација на ПМ10 честичките. Инструментот беше поставен на балконот на Конзулатот на Руската федерација, согласно стандардите да се запази висината и заштитеноста на инструментот. Се анализираше составот на ПМ10 честичките, присуството на четирите тешки метали: олово, кадмиум, арсен и никел, како и бензо (α) пиренот.

-Дополнителните испитувања кои не беа предмет на нашата акредитација, тешките метали и ароматичните јаглероводороди, беа испратени во акредитираната лабораторија ЦЕТИ во Црна Гора. Резултатите презентирани тука од двете лаборатории докажуваат дека граничните вредности не се надминати, изјави Сузана Темелковска, управител на Еуромак Контрол.suzana

Согласно договорот меѓу Општина Битола и Еуромак Контрол, освен мерењето на лето, ќе се мери и концентрацијата на ПМ10 честичките во зима.

-Избран е летниот период кога се најтопли деновите, да видиме како се движат концентрациите на тешките метали. На зима се уште немаме одбрано кога ќе биде, но тогаш имаме греење на домаќинствата, резултатите ќе бидат поинакви, рече Темелковска.

-Охрабрувачки се резултатите за летниот период. Изминатиот период се шпекулираа многу податоци, беше храна за голем број. Воздухот на Битола не е поинаков од воздухот во целиот регион. Овде има две мерни станици кои на дневна основа постојано ги следиме и ги добиваме резултатите. Ако во идниот период се појави потреба од преземање мерки во надлежност на општината, ќе го направиме, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski 5.10

На новинарско прашање дали има разлика меѓу податоците од мерните станици на Министерството за животна средина кои се објавуваат на веб страната и овие резултати, велат:

-Нашиот инструмент е калибриран. Ние работевме по акредитирани методи, Тука нема ништо скриено. Не можам да коментирам нешто што не го гледам. Нашите резултати се точни, рече Темелковска.

-Вие верувајте во што сакате, дали на ова денес што го добивте од стручни луѓе, тоа е ваша работа. Она што го презентираа е вистина. За мерните станици, не сум сигурен дека е така како што прашавте, изминатиов период од она што го добивавме на дневна основа, такво нешто немаше, рече Талески.

За време на 14-те дена додека се вршеа мерењата, од фирмата велат дека филтрите се менувале на секои 24 часа, кои потоа биле испраќани на анализа.

Без коментари

LEAVE A REPLY