Преживеан патник на авионската катастрофа во Колумбија ги довикува своите мртви пријатели

0
1502

Колумбиската полиција објави морничава снимка од еден од преживеаните од катастрофалнатаавионска несреќа, снимена набрзо откако бил извлечен од остатоците.

Спаувачите го извекле Ервин Тумири кој во состојба на шок ги довикува своите колеги, кои загинаа во трагичната несреќа.

„Алекс! Ангел! Давид!“, довикувал Тумири, кој е воздухопловен техничар.

Пилицискиот службеник потоа го замолува да престане да ги довикува и да се смири, за да не ги влоши своите повреди.

Тој потоа се обидел и да го смири: „Тука сме да ви помогнеме на тебе и твоите пријатели… ги извлекуваме преживеаните“.

Ервин Тумири е еден од само шестмината лужа кои го преживеаја падот во кој настрадаа 71 патник и член на екипажот, а меѓу нив се и 19 играчи, тренери и работници на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе и 20 новинари кои ги придружувале.

www.mkd.mk