При гранатирање на Доњецк загинале 19 луѓе

0
236

Најмалку пет цивили и 14 припадници на силите на самопрогласената Доњецка народна република(ДНР) загинаа при гранатирањето од страна на украинските сили, рече портпаролот на Министерството за одбрана на ДНР, Едуард Басурин.

„Засега загинаа пет цивили, 24 се ранети, од кои четворица потешко. Загинаа 14 војници, повредени се 86, вклучувајќи и 18 тешко ранети“, рече Басурин, пренесува агенцијата Тас.

Како што додаде, украинската војска во четврток наутро започна со тешко гранатирање на местата во ДНР, долж целата линија на разграничување.

Без коментари

LEAVE A REPLY