При лизгање на земјиште тешко се повредил

0
1729

На 23.05.2016 година околу 12,30 часот во Битола покрај патот од с.Скочивир према манастирот Св.Архангел Михаил, при изведување на градежни работи  дошло до излизгување на земјата и на работна машина ваљак, управувана од страна на Д.Т.(53) од Битола при што истиот се здобил со повреди и бил пренесен во КБ-Битола каде што му биле констатирани тешки телесни повреди (скршеница на карлица, набиеници на рацете, нозете и главата). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.