Прибак: Поразот нема да се одрази на мечот со Тунис

0
419

Разочарувањето по поразот вечерва од Полска, не го криеше нашиот бек Немања Прибак. По средбата тој изјави:

„Полска со и без Душебајев е друга селекција. Не ја паметам вака паметна, вака стрплива. Тие имаат многу заслуги што ние не одигравме добро. Со само едно излегување на Кире, нивната одбрана беше одлична. Во второто полувреме игравме само за да ја намалиме разликата, која може да биде многу важна. Верувам дека овој пораз нема да се одрази и дека утре ќе бидеме многу подобри“, вели Прибак.

Утре од 18:00 часот Македонија ќе ја очекува клучната битка со Тунис, кој денеска во 1. коло славеше над Чиле.

Без коментари

LEAVE A REPLY