Прибе: Внимавајте, една форма на киднапирана држава не смее да биде замената со нова

0
347

Во последниот извештај на експертската група на Рајнхард Прибе во однос на владеењето на правото во Македонија, објавен денеска на страната на Европската Комисија се вели дека „превенирањето и сузбивањето на корупцијата и непотизмот во сите нивоа од власта, мора да бидат врвен приоритет“.

Во однос на судството се наведува дека контролата и злоупотребата на судскиот систем од страна на мал број на судии на моќни позиции со цел да им служат и да ги промовираат политичките интереси не е намалена на некој значаен начин. Тие судии, како што е наведено, продолжиле да вршат притисок врз нивните помлади колеги преку контролата врз системот на назначување, евалуација, промоција, дисциплина и отфрлање кое се користело за награда на послушниците или казнување на оние кои се спротивставувале.

„Грешките од минатото не треба да се повторуваат и една форма нa киднапирана држава не смее да се замени со друга. Некои активности кои треба да се спроведат во многу блиска иднина неизбежно ќе бидат тест-случаи во овој поглед“, се вели во дел од извештајот.

Мал број на судии на моќни позиции го контролираат и го злоупотребуваат судскиот систем, се вели во најновиот извештај на експертската група на Рајнхард Прибе за владеењето на правото во РМ, објавен денеска од Европската комисија. Поради тоа, Прибе не препорачува генерален реизбор на судиите, туку тоа малцинство на судии под политичко влијание кривично да одговараат ако има докази за нивна криминална одговорност. На секој судија што ќе биде разрешен за докажано несовесно работење треба да му се забрани да работи во правото на кое било ниво, препорачува експертската група.

„Контролата и злоупотребата на судскиот систем од мал број судии на моќни позиции за служење и промовирање на политички интереси не се намалени значително. Обвие судии продолжија да вршат притисок на нивните колеги преку контрола на 5 системи за назначување, оценка, унапредување, дисциплина и разрешување, кои што се користат за наградување на послушните и казнување на непослушните. Ова малцинство на судии по политичко влијание треба да биде подложено на ефективни професионални и етички правила и каде што има докази за криминална одговорност, кривично да одговара за злоупотреба на службената должност. Секој судија разрешен за докажано несовесно работење да добие забрана за работа во правосудството на кое било ниво“, се вели во извештајот во делот за судскиот систем.