Прифатен е предлогот за разрешување на Зврлевски

0
262

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење на предлогот на Владата да се разреши Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Сега Советот, мислењето треба да го врати до Владата и заедно со сите документи предлогот за разрешување да го испрати до Собрание.

Собранието треба да закаже седница на која ќе се расправа за разрешувањето на Зврлевски и со 61 глас да го разреши досегашниот јавен обвинител.

Додека трае постапката за избор на нов обвинител, в.д. Републички обвинител ќе биде Џељал Бајрами, кој е прв заменик на Зврлевски.