Прифатено обвинението на СЈО за „Транспортер“

0
1808

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека го одобрува обвинителниот акт за случајот „Транспортер“ на СЈО. Првообвинет во случајот е актуелниот градоначалник на Битола Владимир Талески. Специјалното обвинителство го товари Талески за проневера на службени пари во врска со превоз на ученици во Битола во вредност од 360 илјади евра. Случајот беше отворен на 14 април минатата година, а покрај Талески осомничени се уште 20 лица. Обвинителниот акт е распореден на судијата Лидија Петровска.