Приходите на Facebook скокнаа над 50 отсто, добивката тројно

0
436

Најголемата социјална мрежа Facebook во изминатиот квартал остварила приход од 5,38 милијарди долари, или 52 отсто повеќе отколку во истиот период пред една година, додека добивката е речиси тројно зголемена, благодарејќи на силниот раст на огласувањето.

Според објавениот во средата деловен извештај, чистата добивка на Facebook достигнала во првото годинешно тримесечје 1,51 милијарди долари, додека во истиот лански квартал изнесувала 512 милиони долари.

Притоа, приходите од огласувањето, коишто го сочинуваат најголемиот дел од приходите на Facebook, пораснале за 52,8 отсто, на 5,20 милијарди долари Најмногу пораснале пригодите од огласувањето на мобилните уреди, па сега сочинуваат околу 82 отсто во вкупните приходи од огласувањето, додека пред една година изнесувале 73 проценти.

Огласувачите ги насочуваат парите од телевизиското во огласувањето на веб и мобилните платформи, а Facebookе е една од компаниите, кои од тоа имаат најмногу полза, иако на мобилниот видео пазара е соочена со жестоката конкуренција од Snapchat и YouTube, коишто исто така секојдневно привлекуваат милијарди посети.

Според аналитичката компанија Marketer, уделот на Facebook на глобалниот пазар на дигиталното огласување, вреден вкупно 186 милијарди долари, може оваа година да достигне 12 отсто.

Најголемата глобална социјална мрежа имала на крајот од изминатото тримесечје 1,65 милијарди активни месечни корисници ширум светот, 15 отсто повеќе отколку година дена претходно. Притоа, повеќе од 1,5 милијарди од корисниците пристапуваа преку паметните телефони или другите мобилни уреди, што е за 20 отсто повеќе отколку пред една година.

Без коментари

LEAVE A REPLY