Пријатен мирис или штетник по здравјето

0
1065

Десет илјади луѓе умираат годишно поради загадувањето кое настанува во нивните домови, за кои тие не се свесни.
Спрејовите или освежувачите кои се приклучуваат на струја навистина го освежуваат воздухот во просториите, барем досега така мислевме вдишувајќи го пријатниот мирис кој го испуштат. Но истражувањата го покажуваат спротивното.

Пристуството на хемиското соединение фталати во освежувачите има повеќекратен штетен ефект врз многу делови од телото.Научниците велат дека фталатите се особено штетни за здравјето на половиот систем на мажот и исто така имаат и штетни ефекти врз бремените жени. Tие се опасни и за појава на алергии и алергиска астма бидјќи материите во освежувачот можат да бидат причина за егзацеребрации.

Се предупредува дека за лош квалитет на воздухот во затворени простории придонесуваат различни производи на домаќинството, спрејови и освежувачи на воздухот, кои и како и средства за лична хигиена се посочени како најопасни, затоа што обично содржат хемикалии кои се течни или лесно испаруваат.

Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепило и изолациски материјал содржат формалдехид што испарува и што ги иритира дишните патишта, односно белите дробови.
И биолошките материјали кои можат да се пронајдат во куќата како прашина, мувла и животински влакна исто така, можат да му наштетат на здравјето на човечкот.

Ослободете се од вештачките освежувачи и широко отворете ги прозорците. Но кај нас во Битола барем според мерењата на воздухот и загаденоста ,советите беа и се затвортете ги процорците за да се заштитите од загадениот воздух.