Пријавени повеќе ученици од предвидената бројка за упис

0
1885

Голем интерес за Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и за средното Економско училиште „Јане Сандански“. Само во текот на вчерашниот ден се пријавили повеќе полуматуранти отколку предвидениот број кој што им е потребен.

Според конкурсот на Министерството за образование за учебната 2017/2018 во битолската Гимназија можат да се запишат 204 ученици, а само во текот на вчерашниот ден се пријавиле 252 ученика.

Во Економското Јане Сандански за прв пат годинава полуматурантите можат да се запишат за деловен админситратор , струка со три годишно образование. За неа иако се потребни само 30 бодови за упис, послаб бил интересот во споредба со струките со 4 ри годишно образование.


Резултатите од јунскиот рок ќе се објават на 30-ти јуни. Второто пријавување ќе се врши на 5-ти јули, а следниот ден ќе се објават резултатите и слободните места. Учениците што го пропуштиле првиот уписен рок, ќе имаат можност да се пријават на вториот кој е закажан за 24-ти август.

Според конкурсот на ниво на општина Битола има вкупно 1600 слободни места , а завршени има 1023 деветооделенци. Бројката за број на слободни места е поголема како и секоја година, бидејќи во средните училишта од градот се запишуваат ученици од општините Могила, Новаци, и Демир Хисар.