Приказната за Силјан Штркот од Ношпал

0
2749

Ова е Силјан Штркот од могилското село Ношпал. Судбината не била нежна кон ова шестмесечно штркче. Мајка му го отфрлила од гнездото, но жителите на селото се погрижиле за него. Го сместиле во напуштен објект на сред село, го негувале, го хранеле, се грижеле за него. А името се знае, му го дале по Цепенковата приказна за Силјан Штркот. Но ова мало штркче не е како другите. Не се дружел со другите штркови. Се припитомил, секое утро возрасните ги испраќал на работа, децата на училиште. А кога дошло време да замине на југ, иако научил да лета, во август, кога имал 4 месеци, не заминал. Останал во Ношпал. siljan strkot 1

-Сите луѓе од селото се загржија за него, сите го одгледувавме, сите дававме пари за храна. Летоска фаќавме риби во Црна, го храневме и него. И така остана во селото, изјави жител на Ношпал.

-Децата го прифатија, го хранеа, а потоа тоа штркот остана со луѓето, а не со штрковите. Питом е и се движи низ луѓето како домашно милениче, не испрќа и пречекува од работа, рече друг жител.

-Си оди по куќите, си влегува внатре, рече жител на Ношпал.strkot

Од Здружението за заштита на животните „Мали Херои“ му организираа транспорт до Охрид. Таму ќе ја презими зимата.

-Штркот ќе го однесеме во Охрид кај семејство кое ќе се грижи за него до следното лето, до неговото заминување на југ, изјави Благој Крстанов, од Здружението за заштита на животните „Мали Херои“.blagoj

На пролет, кога ќе затопли, здружението „Мали Херои“ повторно ќе го вратат штркот Силјан во селото Ношпал.

Без коментари

LEAVE A REPLY