Прилеп ја одбележува 14-годишнината од загинувањето на 10-те бранители

0
520

По повод 14 годишнината откако воениот конвој од прилепската касарна во заседа беше пресретнат кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово кога загинаа 10 –те прилепски воени резервисти, семејствата, соборците, бројни делегации денеска се поклонија и положија венци и свежи цвеќиња пред споменикот на загинатите во центарот на градот.Почит им оддадоа делегации од кабинетот на претседателот на Македонија, од АРМ и Генералштабот, од Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од градот предводена од градоначалникот Марај Ристески, од здруженија, партии и делегации на граѓани.

Присутните им оддадоа почит на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и на Пеце Секулоски.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, рече дека е тешко да се  биде на местото пред споменикот,  но е и голема  чест. Ова е тажен ден, но ќе остане запишан во македонската историја.