Прилеп ќе добие фабрика за рециклирање на отпад

0
553

Кај депониjата Алинци во Прилеп наскоро ќе никне првата фабрика за секундарна селекција на отпад во Македонија. Вкупната инвестиција за овој проект планирано е да изнесува околу 60 милиони денари.

Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година. Таа линија е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа. Во општина  Прилеп  во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за 5 до 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

Инаку отворањето на оваа линија за секундарна селекција на отпадот според плановите треба да отвори околу 100 нови работни места.