Прилепчанец претепал шумски полицаец

0
150

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против З.З.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавениот пред неколку дена пред амбулантата во Прилеп физички нападнал едно лице удирајќи го во пределот на главата и телото, а откако истиот паднал продолжил со удирањето.

Причина за нападот е тоа што оштетниот во својство на шумски полицаец поднел пријава против З.З. за кражба на дрва.