Прилепчани ја нападнале шумската полиција

0
255

На 03.10.2015 година околу 18,00 часот во Прилеп, лицата Р.М., М.К. и Г.С. вработени во шумска полиција во МЗШВ „Шумска Полиција“- Прилеп при извршување работни задачи со ПМВ„Лада Нива“ со прилепски регистерски ознаки, свртуваќи од ул.„Тризла“ по ул.„Гостиварска“, биле пресретнати од поголема група граѓани, при што едно од лицата со метална шипка ја оштетило хаубата и го скршило предното ветробранско стакло. Додека друго лице со тврд предмет го искршило задното лево стакло од возилото, по што шумските полицајци излегле од возилото. Во нападот, двајца шумски полицајци биле турнати од толпата и биле погодени со шишиња во пределот на главата, а третиот бил нападнат од толпата, по што останал да лежи на тротоарот. Откако се разбегала толпата, тој бил префрлен во ГБ-Прилеп, каде му е констатирана повреда нагмечување на носот.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.