Прилепчанка извисила 52 лица кои и платиле престој во хотел „Бисер“

0
356

Прилепчанка измамила 52 лица, им ветила дека ќе ги носи во хотел „Бисер“ во Струга за што и платиле, но ги извисила, откако менаџерот на хотелот открил дека жената лажно се претставила.

Прилепчанката во јули отишла во хотелот за да договори престој и на менаџерот на хотелот му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија.

Четириесет и четиригодишната измамничка потпишала договор за користење услуги според којшто, во периодот од 14-19 август годинава, во хотелот „Бисер“ престојувале 52 лица кои искористиле услуги во висина од 338.068 денари.

При потпишувањето на договорот приложила исправа со невистинита содржина, односно тековна состојба на Конфедерацијата од февруари оваа година.

Иако никогаш не била претседател, во име на Конфедерацијата, пријавената склучила договор на кој ставила печат од Здружението за развој и унапредување на земјоделието.

Откако менаџерот на хотелот ја открил измамата, на 52-те лица што се сместиле во хотелот им го откажал престојот, за што според нивни кажувања, претходно и исплатиле пари на прилепчанката./крај/мф

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Те

Без коментари

LEAVE A REPLY