Примени 192 студенти во Кочо Рацин

0
631

Катерина Божиновска од Крушево која што студира на ВМШ во Битола денеска беше еден од вкупно 385 те студенси кои што треба да претстојуваат во студенскиот дом кочо рацин во Битола за оваа академска година . Трета година по ред жиивее во овај дом и плаќа по 3445 денари за сместување и вели дека е задоволна од условите кои што ги нудат од страна на домот

student

Во студенскиот дом Кочо Рацин по објавениот конкурс до денес биле примени 192 постари студенти, 48 аплицирале електронски и исто толку биле одбиени поради тоа што не доставиле соодветна документација. Сите одбиени можат повторно да аплицираат но со точни и целосни документи до 25 септември. Од денес до петок во домот се врши прием на документи за бруцоши а нивнит резултати ќе бидат објавени на 12 ти септември. Интересот за сместување како и секоја година така и оваа бил голем. Најголем интерес имало кај студентите од Источна Македонија. Од домот велат дека за време на летниот период направиле одредена реконструкција

snezana

„ Ние како Дом сме спремни за прием на студенти. Домот е целосно исчистен и дезинфициран , завршени се сите активности околу бојадисувањето на дел од заедничките простории. Во летниот период извршивме целосна санација на водоводната и одводната инсталација во Блок А , во делот на ресторанот, во делот на магацините во подрумите, во кујната како и горе на спратот“, изјави Снежана Пажик директор на Студенски дом „ Кочо Рацин“-Битола.

За целосна реконструкција на Кочо Рацин директорот со надеж дека тоа ќе биде од наредната година

„ Домот го посети комисја од МОН во однос на темелната реконструкција која што ја побаравме, информацијата беше испратена до минситерот за образование и верувам дека ќе биде проследена до владата и очекувам дека сите оние инвестициони зафати кои ги побаравме и кои што Државниот завод за ревизија ги бара од министерството, и дека ќе почне да се реализираат од наредната година“, додаде Пажик

Сместувањето во Кочо Рацин за постари студенти ќе се врши во период од 1 до 10 септември, а за бруцошите од 12 до 22 септември. И оваа година се очекува да има околу 30- тина владини стипендисти.