Примирјето во Сирија главно се одржува

0
339

Прекинот на огнот во Сирија кој стапи во сила пред две недели главно се одржува и дојде до драматично намалување на насилството, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Прекинот на огнот овозможи да отпочне хуманитарно доставување помош во некои од опколените подрачја, прецизира Кирби.

Тој сепак предупреди дека конфликтот, во кој загинаа повеќе од 270.000 лица од март 2011 достигнал критична точка, бидејќи и покрај намалувањата на насилствата, останува длабоката загриженост поради континуираното кршење на примирјето, вклучувајќи и напади врз цивили и опозициските сили, извршени, од како што рече, сирискиот режим.