Примопредавање на функцијата градоначалник во Могила

0
2320

Денеска примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Могила. По победата на вториот круг од локалните избори денеска Јасмина Гулевска и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Могила од доскорешниот Стево Пивковски.Пивковски на црвен килим ја пречека новата градоначалничка.

-Изборите се врв на демократија и еве денеска се случи чинот на примопредавање. На новата градоначалничка и поскаувам успех во работењето. Она што го направив јас во изминатите 4 години, и уште да биде поуспешна од мене. Се она што ќе и биде потребно од помош и корист од мене и стојам на располагање во интерес на сите жители од оваа општина, изјави Стево Пивковски, поранешен градоначалник на општина Могила.

Новата градоначалничка им се заблагодари на граѓаните за подршката и најави дека општина Могила ќе биде транспарентна и отворена општина и ќе работи во интерес на сите жители.

-Ви се заблагодарувам за денешниот пречек во општина Могила, и голема благодарност до сите граѓани што ми ја дадоа поддршката на 29 октомври. Она што беше ветувано во предизборието за општина Могила дека ќе биде успешна, транспарентна и отчетна тоа и ќе се случува во наредниот период. Заедно со Советот на општина Могила ќе одредиме еден ден во неделата каде што ќе имам отворени средби со сите граѓани од оваа општина. И месните заедници ќе бидат вклучени во проецесот на оддлучување и ќе носиме одлуки заедно, со нов со Советот и со општинаката администрација, се со цел олеснување на нивните животни потреби, изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Могила.

Беше конституиран и новиот Совет на општина Могила. За претседател е назначен Александар Јанкуловски, а мнозинството го има колаицијата предводена од СДСМ .

-За претседател на Советот е избран Александар Јанкуловски од СДСМ и коалицијата. 4 советници има СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ тројца советници, двајца советници од независната листа на  Николче Српчански, еден советник од независната листа Борче Бучински и од Народното движење на Македонија Зоран Гулевски.Имаме мнозинство во Советот. Го конституиравме советот ја имаме поддршката од сите советници освен од ВМРО-ДПМНЕ, но се надевам дека во иднина ќе имаме и соработка со нив.

Денес голем број  могилчани  дојдоа во кабинетот на новата градоначалничка Гулевска  да и честитаат за функцијата.