Принс кремиран и погребан на приватна церемонија

0
633

Најблиските членови на семејството и пријателите на американската поп-ѕвезда Принс, чија ненадејна смрт пред четири дена го шокираше светот, се простија од него на мала приватна церемонија по кремацијата на неговите остатоци.

Во чест на Принс, кој беше еден од најпочитуваните уметници на својата генерација, ќе биде во догледно време одржан концерт, изјавила неговата портпаролка Ана Мичам, пренесува агенцијата АФП.

Мичам рекла дека Принс е кремиран вчера и дека „нема да биде јавно објавено каде ќе се чува неговата пепел“.