Принцот Чарл и неговата сопруга na турнеја по Западен Балкан

0
635

Престолонаследникот на Велика Британија, принцот Чарлс од Велс и неговата сопруга Камила Паркер, војвотката од Корнвол,  од Загреб ја започнуваат турнејата во земјите од Западен Балкан – Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово, со цел промовирање на мирот, помирувањето, обновувањето и поддршката за младите.

Вчера тие имаа средби со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ и со премиерот Тихомир Орешковиќ.

Денеска кралската двојка ќе го посети градот Осиек, каде што ќе присуствува на средба со различни локални верски и етнички заедници.

Ова е десетата посета на принцот Чарлс во овој регион, а прва на војвотката од Корнвол.

Тој првпат ги посети Хрватска, Црна Гора, Србија и БиХ во 1978 година.  Досега ја посетил Босна и Херцеговина четири пати, Хрватска – четири пати, Македонија и Косово еднаш.

Нивната турнеја ќе трае до 19 март.