Принудно слетан авион на „Герман вингс“

0
437

Авион на германската авиокомпанија „Герман вингс“ принудно слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Според неофицијалните податоци на српски „Блиц“, авионот е приземјен поради чадот кој настанал во кокпитот поради проблеми со вентилаторот на системот за климатизација.

– Aвионот со 149 патници и пет членови на екипажот, кој сообраќаше на линијата Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром утрово околу 10.30 часот – потврдиле од „Никола Тесла“.

На лице место веднаш излегле надлежните служби на аеродромот и противпожарна екипа, која после деталниот преглед утврдила дека нема пожар. Според протоколот, сите патници биле пренесени до главната зграда, каде чекале авионот да добие зелено светло за полетување.

Без коментари

LEAVE A REPLY