Приоритетна цел на Вучиќ, влез на Србија во ЕУ

0
263

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјавил дека приоритет на премиерот Александар Вучиќ кој на 31 мај ќе стане претседател на Србија е влез на земјата во Европската унија. „Тоа значи дека Србија ќе направи се што може. Србија ќе се обиде да игра конструктивна улога на Балканот како зона на стабилност и мир“, изјави тој. Претходно Хан во врска со изјавите на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово рече дека бил разочаран од ваквите потпалувачки изјави од некои лидери во регионот. „Погрешно е ако некој мисли дека со такви изјави ќе прави притисок врз нас“, оцени Хан.