Припадник на ИС на босански јазик повикува да се убиваат христијани

0
654

На најновата снимка што се појави на Youtube, припадник на терористичката организација Исламска држава, ги повикува муслиманите да ги убиваат христијаните со поставување експлозив под нивните автомобили, во нивните куќи и на работните места.

Момчето се обраќа на босански јазик, а повикува на убиства од страна на муслимани во Сан Франциско и во Лас Вегас.

„Убивајте ги со снајпери и пригушувачи. Убивајте ги онака како што можете, о муслимани, па макар и со ноќ. Немојте да правите разлика меѓу војници и цивили, како што ни нивните авиони не прават разлика меѓу војниците и цивилите на ИС. Потпрете се на Алах, помогнете им на вашите браќа и немој да се сомневате во исправноста на вашите дела. Казнувајте ги онака како што тие вас ве казнуваа“, вели припадникот на ИС.

Наводно снимката е направена во Мосул./крај/к/бб