Приредба и дефиле под маски за светскиот ден на екологијата и пролетта

0
877

Под наслов-Природата се буди, учениците на основното училиште Гоце Делчев, го одбележаа светскиот ден на поезијата, пролетта и екологијата.

На овој ден луѓето ширум планетата дејствуваат заеднички за да обезбедат почиста, позелена и поздрава иднина за себе и за идните генерации.

Тематската манифестација во ОУ. Гоце Делчев вклучуваше повеќе активности.

Следуваше дефилето под маска од отпаден материјал низ Широк Сокак до плоштадот Магнолија, со кое се одбележа Денот на екологијата, а потоа манифестацијата продолжи во националната библиотека Св. Климент Охридски, каде учениците го одбележаа светскиот ден на поезијата со своите творби, но и стихови од различни поети.