Природна или вештачка елка

0
940

Уште еден месец до Новата Година , веќе се чувствува и предновогодишната атмосфера, снегот го имаме а она што следува е китењето на новогодишната елка, пластична или природно купена од расадник, што ќе купуваат Битолчани ?

prirodni-elki
Без елка Новата Година во денешно време е незамислива. И стари и млади, кај сите предизвикува радост. Елката најчесто е во стандардната зелена боја, но многу домаќинства избираат истата да биде во бела, зимска боја. Додека пак некои изборот на боја на елка како и лампиони и украси, го прават да биде во хармонија со боите кои доминираат во вашиот дом. Природна или пластична елка , е дилемата што ја имаат луѓето пред да почнат ја ја украсуваат елката, бидејќи за некои пластичната елка велат дека содржи ПВЦ смеса која што е штетна за здравјето на луѓето особено за оние кои се подложни на алергии, додека пак природната елка, може да направи повеќе неред бидејќ паѓаат гранчињата, а од друга страна и се уништуваат шумите доколку се сечат дрвјата.
Битолчани повеќе ја преферираат природната но за да не се уништува природата купуваат пластични елки.

Пластичните елки во Битола се движат со различни цени во зависност од големината , најмалите елки чинат 260 денари, средните елки од 1m 50cm од 900 до 1000 денари, додека пак најголемите елки од 2m и 10cm чинат 2130 денари.
Оваа година граѓаните најмногу бараат бела елка и црни лампиони велат од продавниците за украси. А се продаваат и целосно накитени елки во зависност од цената на лампионот, а пак лампионите се со цена од 15 до 650 денари.

Од дворот на ЈП Комуналец во кој што имаат два расадници со елки досега никој нема купено елка за украсување во домот, додека пак цената на елките се движи во зависност од нивната големина и тоа од 200 до 600 денари во зависност од типот на елката. Посочија Од ЈП Комуналец Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY