Природното и културното наследство на Баба Планина

0
615

Во рамките на Битолското културно лето Бит Фест 2017 во културниот центар Магаза се одржа изложба на фотографии “Природното и културното наследство на Баба Планина” на Јонче Илиевски, Рубин Николоски и Никола Тренески.

Преку изложбата и реализираните активности се врши евидентирање, каталогизирање и промовирање огромното културно наследство на Баба Планина и најстариот Национален Парк на Балканот – Пелистер, кое заедно со културното наследство лоцирано во градското јадро и пошироката околина на Битола прават одлична туристичка понуда за домашните и странски туристи.

Со организацијата на изложбата беше направен придонес кон актуелизација и промоција на културно-историските споменици и знаменитости кои имат огромна научна, историска но и туристичка вредност, како што се: селото Маловиште, архитектурата и фрескоживописот на катедралната црква Св. Петка, архитектурата на црквата Св. Димитриј во Магарево, бункерите од Првата Светска Војна, манастирот Св. Атанас, езерата Пелистерски очи, врвот Пелистер. Преку промоцијата на културно-историското наследство беа промовирани и природните убавини, флората и фауната на градот Битола односно Баба Планина и НП. Пелистер.