Пристигнаа првите кампери во Крани

0
5069

Со стартот на летната сезона во Автокампот Крани пристигнаа првите туристи. Гости од цела држава

bungalov

-Доаѓам од Неготино и за прв пат сум тујка, задоволен сум од сместувањето, има добра плажа,има ресторан и има маркет,изјави турист

bungalov 4

-Еве веќе трета година по ред доаѓам тука и сум задоволен од сместувањето а и плажата е убава и добро средена, вели турист

bungalov 5
Од Автокампот Крани велат дека уште со стартот на летната сезона 70 % од капацитетите на бунгаловите биле резервирани

bungalov 6
-Моментално располагаме со 42 бунгалови . Сите бунгалови се апартмански карактер, имаат две соби со по два кревети , кујна, купатило и тераса. Вкупниот капацитет е 160 легла. Од наредната година планираме да ги спремиме и останатите 32 бунгалови кои ги имаме. По однос на зафатеноста во однос на претходната година зголемена е побарувачката за смештај . Капацитетите преку 70% се исполнети, се резервирани и тоа зборува за зголемување на интересот. Граѓаните ја препознаваат разликата од порано до сега а исто така ја препознаваат и благодетта на овај простор, изјави Никола Трпеновски сопственик на Автокампот Крани
bungalov 3

Покрај уредената плажа, бунгаловите и камп приколките  Автокампот Крани располага и со ресторанска сала за организаирање на свечености за 400 гости, тераса  со 160 седишта во однос на ресторанско послужување за која годинава сопственикот најави и ноќни свирки со познати бендови и диџеи , спортски терени, како терен за одбојка на песок, тврди терени за кошарка, ракомет и мал фудбал.Стартот на сезоната 2016 та ќе биде утревечер со Куку Леле