Притвор за двајца, од кои едниот е осомничен за предизвикување општа опасност

0
523

Основниот суд Скопје 1 му определи мерка притвор во траење од осум дена на осомничениот за кривичното дело предизвикување општа опасност и за учество во толпа што ќе предизвика кривично дело.

Мерка притвор е определена и за уште едно лице што беше идентификувано во групата од 15 лица против кои беа поднесени кривични пријави. За двајца осомничени судот определи мерки на претпазливост.