Притвор за началникот на петта управа на МВР Горан Грујоски

0
1160

30 дена притвор му одреди  Кривичниот суд на Горан Грујоски, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Судот го уважил барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерката притвор поради основано сомневање за уништување на опремата за прислушување и фалсификување документи.

Тој денеска во 13 часот се појави на распит во Основниот суд Скопје 1, кој траеше речиси осум часа.

Snap 2016-03-31 at 00.27.36

– Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор, стои во соопштението кое вечерва го објави судот на својата интернет страница.

Snap 2016-03-31 at 00.18.38