Притворот за двајца осомничени во „Транспортер“ заменет со мерки за обезбедување присуство

0
876

Постапувајќи по жалби поднесени од одбраната на осомничените С.М. и А.Ш за кои судија на претходна постапка определи мерка притвор, како и жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите против решенија на судија на претходна постапка со  кои за лицата В.Д. и А.А. го одби предлогот за определување мерка притвор и им определи мерки за обезбедување присуство, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје одржа седница во присуство на одбраната и обвинителството на која ги донесе следните одлуки:

Жалбите на одбраната на обвинетиотите С.М. и А.Ш против решението на судија на претходна постапка за определување мерка притвор се уважуваат и решението на судијата се преиначува така што се определуваат мерки за обезбедување присуство односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавува во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напушта живеалиштето односно престојувалиштето.

Жалбите на Обвинителството против решението на судијата на претходна постапка се одбиваат и се потврдува решението на судијата со кое на лицата В.Д. и А.А. им се определуваат мерки за обезбедување присуство, односно одземање на патна исправа, обврска на осомничените да се јавува во судот во Битола, и забрана за осомничените да го напушта живеалиштето односно престојувалиштето, соопшти кривичниот суд во Скопје.

Без коментари

LEAVE A REPLY