Приведен битолчанец кој се барал со меѓународна потерница

0
344

Постапувајќи по судска наредба, ПС Ресен го лиши од слобода Е.Д (21) од Битола кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и девет месеци, за кого беше распишана и меѓународна потерница за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во КПУ “Идризово“. СВР Битола во последните две години против Е.Д (21) има поднесено вкупно 13 кривични пријави.