Приведен рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

0
224

Руската полиција во Москва од неговиот дом го привела рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кратко пред да оди на митинг во градот Нижни Новгород, а ги привела и неговите соработници во тој град, јави Асошиејтед Прес, посочувајќи дека попладнево тој твитнал од полициска станица, каде, како што вели, го држат без обвинение или образложение зошто е приведен.

Тој требаше да го предводи митинготт собир во Нижни Новгород попладнево, а досега одржа шест собири во руски градови, како дел од неговата кампања за претседателските избори, за кои Навални рече дека ќе се кандидира.

Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти денеска дека Алексеј Навални бил приведен поради повикот за недозволени митинзи.

Без коментари