Приведен возач на камион кој превезувал мигранти

0
606

На 02.07.2016 година околу 06,00 часот од страна на УПС од ПС за ГН„Белановце“, на локалниот пат од с.Речица-с.Ваксинце, при контрола на ТМВ„Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен  е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.



image-0