Приведени 13 луѓе на синоќешните протести, сѐ уште се во полиција

0
442

Вкупно 13 демонстранти се приведени на синоќешните протести што се случија во центарот на Скопје по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува сите политичари од власта и опозицијата.

Како што информираат од полицијата, со демонстрантите сѐ уште се разговара по што треба да се одреди квалификацијата на кривичното дело. Во протестите повреден е еден новинар и еден фоторепортер.

Дел од демонстрантите синоќа ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов  во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.