Признание од УНХЦР за Ленче Здравкин за нејзината хуманост

0
382

Ленче Здравкин, жената која својата куќа во Велес, близу железничката пруга, ја претвори во магацин и прифатилиште за мигранти, доби признание од страна на УНХЦР.

Таа важи за еден од од најактивните хуманитарци во Македонија, па во нејзината куќа бегалците можат да добијат вода, храна, прва помош, но и да одморат од својата голгота.

Ленче Здравкин неколку пати во медиумите зборуваше за нејзиниот третман кон мигрантите кои бегаат од воените жаришта во нивните земји, и вели нејзината хуманост била поттикната од страдањата кои ги забележала кај децата, мајките и бремените жени.